ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Драги радио пријатели, благодариме за довербата !

588

Желба на секој новинар е да има свој медиум. Таа желба, прерасна во идеја, а следниот чекор беше иницијатива која се оствари на 15 мај 2017, кога е добиена дозволата за емитување во етер од надлежната агенција. Радиото со работа и со говорни содржини започна 6 месеци подоцна односно декември 2017 та година.
На почетокот екипата на Радио Пела беше мала, составена од Гордана Цветаноска, Елизабета Филипоска и Раде Дамјановски. Во досегашното работење, изминатите две години редакцијата, техничките реализатори во радиото и порталот се зголемуваше. Ова се луѓето кои биле, или пак сеуште се, екипа на Радио Пела:
-најмладите, и водителите на кои Радио Пела особено се гордее Михаела Петреска, Христијан Пусоски, Сотир Маркоски, нашите соработници со првата ноќна програма Милан Секулоски и Звонко Димоски, првиот машки глас – спикер Звонко Петрески, браќата Дејан и Кико Ачкоски кои предизвикаа голем интерес теми со алтернативната медицина,
-техничките реализатори Димитар Алексоски, Раде Дамјановски, Никола Димески, човекот кој го одржува техничкиот дел од порталот Орде Јованоски.
Радио Пела пред се` е медиум за целото семејство. Концепт кој ќе продожи да се остварува и во наредниот период.
Целта е обработка на теми кои се од витално значење за жителите од Пелагонија за вредните земјоделци, за стопанствениците, за настаните во регионот кои се од интерес на јавноста…
Редакцијата на радиото и на порталот се труди да бидат зачувани највисоките стандарди на објективно, истражувачко, аналитичко новинарство.
Радио Пела во својата двегодишна радио продукција ги создаде:
– Пелагониска хроника – информативна програма – вести
– Утринско будење – забавно информативна програма
– Музички филиграни – забавна емисија
– Од млади за млади – емисија од млади посветена на младата популација
– Агрома – емисија за современото земјоделство
– Жешко столче – информативно политичка дебатна емисија
– Совети за здравје и убавина – програма од областа на медицината
– Музички билболрд – топ листа на на хитови
– Јавен простор ноќе – ноќна програма
– Билкарница – емисија од алтернативната медицина.
Продукцијата на Радиото е наменета за сите вкусови и возрасти, но Пела не е само електронски медиум, туку е локално радио со глобална слушаност и видливост:
-Веб порталот www.radiopela.mk  , фејсбук фан страната https://www.facebook.com/radiopela/ и интернет радиото се составен дел на медиумот наменет за глобалната публика преку интернет. Порталот ги бележи случувањата од локално и регионално значење, а интернет радиото, поставено на неколку платформи, активно го следи македонската дијаспора.
Фејсбук фан страната https://www.facebook.com/radiopela/ е резултат на желбата на екипата да се следат модерните технологии во медиумите, како што е поврзувањето на социјалните мрежи со класичните електронски медиуми.
Она на што екипата Радио Пела особено се гордее се податоците од Агенцијата за аудио и аудио визуемни медиумски услуги за слушаноста во текот на оваа година кога сме меѓу првите три локални радија во Македонија. За две години од постоењето на порталот www.radiopela.mk , кој што е поставен паралелно со стартот на програмата на Радио Пела, регистрирани се посети од над 800 илјади луѓе, според официјални податоци од Гугл Аналитикс , од целиот свет. Интересно е што на порталот далеку повеќе посети се регистрирани надвор од Македонија, од земјите на Европа, Америка, Австралија, буквално од секој дел од светот.
Особена чест и задоволство е што над 500 гости биле дел од програмата за период од две години, како учесници во програмата на Радио Пела, присуствувале во студиото и дале свој придонес, го искажале своето мислење, биле промовирани таленти,музички групи, уметници…
Радио Пела од првиот ден е отворен медиум за соработка со сите, независно од возраста, националната, религиозната, родовата припадност.
Единствено што останува од срце да го кажеме од име на екипата:
Драги пријатели, слушатели, соработници, деловни партнери, следбеници на радиото, порталот, фејсбук фан страната, јутуб каналот на Радио Пела –

БЛАГОДАРИМЕ ЗА ДОВЕРБАТА !!!

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: