ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

И вечерва на МТФ „Војдан Чернодрински“ две претстави во конкуренција

769

Богат репертоар на третиот ден од МТФ „Војдан Чернодрински“ : три претстави, од кои две во официјалната конкуренција за наградите.
Најпрво се претстави актерската екипа на Театарот за деца и младинци од Скопје која ја изведе претставата во конкуренцијата за наградите „Еднаш свет изградив“ работена според мотиви на романот „Сидарта“ од Херман Хесе, во режија на Јане Спасиќ на сцената од прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“.На сцената од Домот на културата „Марко Цепенков“, втората претстава „Царот Владислав“ од Борис Јанков во режија на Бранко Ставрев е на Центарот за култура „Антон Панов“ од Струмица исто така е во конкуренцијата за фестивалските награди.
Како дел од придружната фестивалска програма, на сцената од прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“,Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА од Скопје ќе ја изведе испитната претстава по актерска игра на студентите од прва година во класата на професор Мето Јовановски и на доцент Магдалена Ризова Черних „Смртта на Дантон/комична сцена“ според Герог Бихнер.
Од вкупно 12-те претстави во официјалната конкуренција за наградите досега публиката виде три и тоа: „Ничија земја“ на МНТ на отворањето во петокот и двете претстави синоќа „Доктор Фауст“ на битолскиот и „Клетници“ на прилепскиот народен театар.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: