ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Кој се се добитници на Општинската, “3- то Ноемвриска“ награда?!

1.833

Спортскиот работник Ѓорѓи Гешоски, добитник на општинската награда за животно дело „3.Ноември“

Покрај наградата за животно дело, Комисијата додели и 5 плакети и 9 дипломи.

Добитници на третоноемвриски дипломи се Злате Шуплиноски, за достигнувања од областа на медицината, Гордана Цветаноска, за достигнувања од областа на новинарството, Сашо Јандрески за млад иноватор од областа на медицината, Озган Сулејманоски,  за достигнувања од областа на музиката, Драгослав Миноски, за достигнувања од областа на образованието, Билјана Јуруковски, за достигнувања од областа на фотографијата и афирмација на Прилеп, Борјан Јованоски , за достигнувања и афирмација од областа на спортот и Филип Димкоски за афирмација на македонскиот јазик и образованието.

Постхумно, диплома за достигнувања и афирмација на блуз музиката во земјата и регионот, му беше доделена на Александар Дворчанец – Сале.

Со Третоноемвриски плакети се наградени „Бимфуд“, за придонес и афирмација на стопанството во земјата и регионот, „Изофас“, за придонес од областа на градежништвото и градежното инженерство, театар „Чин 4 Сцена 5“ за придонес во развојот на театарската уметност, „Клуб на литературни творци“ за достигнувања од областа на литературно творештво и џудо клубот ,,Пролетер’’, за достигнувања од областа на спортот.

Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија при Советот на општина Прилеп, на денешната прес конференција ги соопшти имињата на наградените, по повод 3.Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп.На годинешните лауреати, наградите ќе им бидат доделени на свечената седница на Советот на општина Прилеп, која ќе се одржи во недела, 3. ноември со почеток во 19.00 часот, во големата сала на ЦК „Марко Цепенков“.

 

 

 

 

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: