ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Крушевчани во акција за пошумување на опожарениот простор кај манастирот Св. Преображение 

532

Опожарената простор ,каде што само пред месец дена гореше  околу манастирот Св. Преображение во Крушево, крушевчани, заедно со ученици од СОУ „Наум Наумоски Борче“ и од основнот училиште  „Никола Карев“ , започнаа со пошумување и обновување на она што огнената стихија го уништи .  Во акција , здружено , тие засадија 4 000 садници . 

Акцијата ја поддржа  општина Крушево и компанијата СЕКЕ , кои заедно со ПСШ „Липа“, и учениците од СОУ „Наум Наумовски Борче“ и ООУ „Никола Карев“ испратија  пораки за зачувување на животната средина и одговорност кон околината во која се живее.

„Денес од манастирот Св. Преображение на просторот каде пред само неколку седмици владееше огнена стихија со засадување на дрва испраќаме пораки за заштита на животната средина и одговорност кон белите дробови на нашиот град. Благодарам на поддршката од општествено одговорната компанија СЕКЕ, потоа на „Липа“, средното и основното училиште. И во иднина ќе продолжиме да одржуваме вакви и слични активности“,  изјави градоначалникто на општина Крушево Томе Христоски.

Иницијативата за акцијата за пошумување како минатата година така и оваа доаѓа од компанијата за производство и преработка на тутун СЕКЕ која има свој погон во индустриската зона во Крушево.

„Како општествено одговорна компанија продолжуваме да организираме и да учествуваме во акции кои го подобруваат животот на луѓето и ја подигаат свеста за заштита на животната средина. Оваа активност е дел од проектот кој го имплементираме, а се однесува токму на заштитата на животната средина и како ние самите да придонесеме за унапредување на состојбите. Благодарност до општината за овогодинешната поддршка и до сите што се вклучија“, изјави директорот на СЕКЕ Јане Станкоски.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: