ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилеп: Петмина оздравени, двајца новозаболени од Ковид 19

578

 

Во општина Прилеп денеска, сабота 23-ти мај, има петмина оздравени и двајца новозаболени од КОВИД-19, информираат од прес службата при општината.

Од Центарот за јавно здравје-Прилеп информираат дека од почетокот на пандемијата до денеска, регистрирани се вкупно 208 лица позитивни на коронавирус, од кои 53 се активни.

На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“ хоспитализирани се 15 лица. Од нив 13 се позитивни на коронавирус, а заради потешка клиничка слика двајца пациенти се наоѓаат на кислородна поддршка. Во делот за изолација се наоѓаат двајца пациенти. Едниот од нив е негативен на коронавирус, а на другиот му е земен брис и се чекаат резултати;

Во самоизолација се наоѓаат 85 лица.Во изминатото деноноќие не се забележани нарушувања на полицискиот час.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: