ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Протести на Македонците во Канада

1.108

Македонците кои живеат и работат во Канада, викендов организираа протести против начиното на донесувањето на Законот за употребата на јазиците во македонското Собрание.Тие порачаа дека најостро го осудуваат изгласувањето на Законот за јазиците знаејќи дека истиот ќе го продлабочи јазот и етничките тензии помеѓу албанската заедница и остатокот на македонското општество.
„Исто така, бараме од Македонската влада итно да ги прекине преговорите за името со Република Грција под покровителство на Обединетите Нации, зошто истите ги кршат македонските човекови права за самоиднетификација и го презира дигнитетот и достоинството на македонската нација каде и да сме. Затоа, бараме македонската влада да изнајде алтернативни решенија кои ќе резултираат со влез во Обединетите Нации на Република Македонија под нашето уставно име“, порачаа Македонците од Калгари.
Слични пораки беа упатени и од Македонците кои живеат и работат во Торонто.Зачувување на уставното име на Република Македонија и повлекување или спречување на спроведувањето на насилно изгласаниот Закон за употреба на јазиците се двете основни пораки упатени од протестот на македонските иселеници од Канада пред зградата на Владата во Торонто.
Говорниците упатија остри критики до Владата на Зоран Заев за начинот на водење на разговорите со Грција околу разликата за името, како и за начинот на донесување на Законот за јазици, кој предвидува албанскиот да стане втор службен покрај македонскиот на целата територија на државата. За второто од претседателот Ѓорге Иванов беше побарано да опстои на својата најава да не го потпишува указот за стапување во сила на контроверзното законско решение.
Организатор на протестот под мотото „Нашето име е Македонија“ беше Македонско меѓународно движење за човекови права (МХРМИ), поддржано од Асоцијација на македонски студенти на универзитетот во Торонто (АМСУТ) и Македонска младинска мрежа (МАЈНЕТ).

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: