ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

„Прв дојден – прв услужен“- субвенции за сончеви колeктор и ПВЦ дограма

1.167

Во оваа програма вклучена е и компанијата Бест Солар од Крушево, каде граѓаните со набавка на сончеви колктори ќе можат да добијат повратни средства.   ( кој можете да ги поесетите на следната веб страна – www.bestsolar.com.mk )

Деновиве Министерството за економија ги објавени јавните огласи за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во домаќинства, за кој се обезбедени 5 милиони денари и за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата за 2019 година, за кој се обезбедени 25 милиони денари.

Согласно повиците, на купувачите на сончеви термални колекторски системи (колектори, резервоар за топла вода и потребна инсталација), кои ќе ги купат и вградат во своите домови, по денот на објавувањето на овој оглас , заклучно со 30 јуни 2019 година, ќе им биде обезбеден поврат на дел од средствата до 30 %, но не повеќе од 15.000 денари.

За купувачите на ПВЦ или алуминиумски прозорци со потребната инсталација, кои ќе ги купат и вградат во своите домови по денот на објавувањето на овој оглас, заклучно со 30 јуни 2019 година, ќе се реализира поврат на дел од средствата до 50%, но не повеќе од 25.000 денари.  Средствата се добиваат према условот „прв дојден – прв услужен“ , сѐ до искористување на предвидените средства за оваа намена.

Единствениот услов е купувачот да го нема искористено правото на поврат на дел од средствата за конкретните намени врз основа на јавните огласи на Министерството за економија во претходните години.

 

 

Од третиот квалртал на 2019 субвенционирање за печки на пелети

 Инаку, зклучно со 2018 година на 6.538  домаќинства им се обезбеди поврат на дел од средствата кои ги потрошиле за купени и вградени сончеви колектори, а исплатени се приближно 96 милиони денари, додека во претходниве две години, откако стартуваше мерката за замена на ПВЦ или алуминиумски прозорци субвенциниониравме 2.350 домаќинства и исплатени се приближно 66.000.000 денари од Буџетот на Република Македонија.

За третата, исто така, атрактивна мерка за граѓаните – јавниот оглас за надоместување на дел од трошоците за купување на печки на пелети во домаќинствата за 2019 година, согласно Програмата ќе биде објавен во третиот квартал од 2019 година и со него е предвидено надоместување на дел од трошоците за купување печки на пелети со линеарна распределба по домаќинство, во зависност од пристигнатиот број на барања кои ги исполнуваат условите од програмата, но не повеќе од 25.000 денари по домаќинство. Вкупниот буџет за реализација на оваа мерка изнесува  20.000.000 денари

Целта е промоција на обновливи извори на енергија и поттикнување на енергетска ефикасност во домаќинствата.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: