ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

(Видео) Спасено бебето Бисера од Прилеп чии родители молеа за помош поради третманот на Клиника

4.164

За малата Бисера од Прилеп која од своето раѓање и бише дијагностицирана конгенитална варичела, јавноста преку медиумите и социјалните мрежи слушна откако нејзините родители објавија видео снимка од девојчето кое едвај диши, а лежи со месеци на Детската клиника во Скопје. Мајката тогаш посочи дека бебето Бисера, откако се наоѓаат во клиниката се здобила и со дополнителни бактерии и вируси кои и ја отежнале состојбата. Родителите и покрај големата упорност беа одбивани детето да биде третирано. Тогаш клиниката објави дека мајката била болна во текот на бременост и  имало документи според кои детето би имало последици, но наводно не биле подигнати од родителите. Потоа од клиниката објаснија дека детето поради таа состојба има многу инфекции и дека од таму ќе сторат се што можат.

Но, по притисок на јавноста, бебето е префрлено во Жан Митрев Клиниката и излечено од сите инфекции и проблеми.  Од клиниката објавија видео на кое ја објаснуваат целата постапка на лечењето и ја соопштија најважната вест дека малата Бисера заминува дома со своите родители жива и здрава.

Убава приказна со среќен крај, која охрабува да луѓето се борат во опшеството  и јавно да говорат за своите проблеми, тешкотии и притисоци кои се создаваат како причина за нарушување на нивните правата на македонското опшество

https://www.facebook.com/ZanMitrevClinic/videos/312669633242985/

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: