ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Два пожари истовремно, едно лице повредено

1.958

Два пожари на објекти, т.р. истовремено се случија во Прилеп и прилепско. Во Прилеп и во селото Дебреште, Долненско, денеска избувнаа пожари, а во еден од нив едно лице е повредено. Пожарите се локализирани, велат од прилепската поротивпожарна единица. Во Прилеп изгоре покривната конструкција на куќа, а во селото Дебреште пожарот бил во кујна на угостителски објект каде, според првичните информации  бил повреден готвачот кој бил сам во кујната. Со приватно возило бил пренесен во Македонски Брод.

Околу 13. 20  екипите на ТППЕ Прилеп се упати на гаснење на пожар во с.Дебрешете , а,  веќе во 14,05 ч.  голем пожар ја зафати кровната констуркција на  куќата на ул. „Ѓоре Ѓорески“ бр. 18 , во типската населбата во Прилеп, во близина на градскиот базен.  Од ТППЕ – Прилеп веднаш интервенираа со 5 противпожарни возила и 12 пожарникари, па пожарот за неполн час по дојавата, беше локализиран. На помош на прилепските пожарникари  им пристигнаа и пожарникарите од ТППЕ од Кирвогаштани, како и екипи со цисерни и човечки ресурси , од ЈКП Комуналец – Прилеп и од ЈКП „В и К“ – Прилел.

„Иако , поажарот на куќата, каде гореше кровната конструкција, веднаш беше  ставен под контрола, благодарение на брзата интервенција на екипите на ТППЕ Прилеп , мораше да пристинат повеќе противпожарни возила на терен и екипи од ЈКП, превентивно, поради опасноста, тој да не се прошири на соседните објекти, односно на соседните типски куќи,  кои во овој дел на градот се изградени една до друга, т.р, споени.“- истакна Виктор Стојчески, командир на ТППЕ Прилеп

Причината и штетата од  пожари допрва ќе се утврдува за од ТППЕ Прилеп апелираат до граѓаните  внимателност при користење на елкитричните апарати и проверка на електричната инсталација, со цел да се спречи појавата на пожар.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: