ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

(Видео) Борче Јовчески: Во 2023 ќе работиме во доменот на инфраструктурата

253

Во рамките на акцијата на ВМРО ДПМНЕ „Ова е Македонија за сите” градоначалникот на Прилеп, заедно со Потпредседателот на ВМРО ДПМНЕ , пратениците и Претседателот на Советот на Општина Прилеп ги посетија населените места Мало Коњари, Големо Коњари и Беровци.

“ Со денешната акција ги запознаваме месните жители дека продолжуваме со акциите и со оние проекти кои што навистина нив им значат многу. Тоа е во доменот на инфраструктурата во доменот на водоснабдувањето и сите други бројни проекти кои што треба да ги реализираме во оваа 2023. година. Денеска ,конкретно, прашањата најмногу се сведуваат на инфраструктурата, а се разбира оној дел каде што локалната самоуправа веќе има остварено склучување на договори.  Имавмем можност, вчера, конкретно, и да склучиме договор со изведувач кој што е за рехабилитација на огромен број на улици, се разбира, не се заборавени и населените места. Приоритет му се даваат на веќе пресно што треба да се изведат оштетените или делумно оштетени,но рехабилитацијата се сведува на некои ново проектирани улици.“ рече градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески пред жителите на Мало Коњари.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: