ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

(ВИДЕО) Прв ден во градинка – потребна е адаптација за полесно прилагодување кон новата средина

710

Уште неколку седмици остануваат до почетокот на септември кога некои од децата за прв пат ќе бидат згрижени во градинка. Тоа за повеќето од децата може да предизвика стресна ситуација, бидејќи станува збор за нова средина и нови навики.  Родителите треба своите деца да ги подготват за полесна адаптација и сега е перидот погоден за тоа истакнаа Елеонора  Костоска Јованоска и Емилија Иваноска, воспитувачи со долгогодишно искуство во ЈОУДГ „Наша Иднина“ Прилеп во програмата „Радио што се гледа“.

Несомнено е дека родителите, бабите и дедовците го посакуваат најдоброто за своите деца, особено кога станува збор за прилагодување на новите услови во кои ќе биде детето. За да се избегнат стресните ситуации Елеонора Костоска Јованоска и Емилија Иваноска предлагаат запознавање со воспитувачите, со средината во која работи градинката, воведување на слични навики како во новата средина, што значи дека потребна е посебна подготовка за родителите што поедноставно и без стрес да овозможат децата уште од првиот ден да ја почувствуваат градинката како дома. Целиот разговор проследете го на следниот линк:

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: