ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

В сабота на театарскиот репертоар е „Стапица за глувци“

38

Во театарот „Војдан Чернодрински“ в сабота (6.04.2024) од 19.30 ч. ќе биде прикажана претставата „Стапица за глувци“ во режија на Борис Василески. Прставата беше прикажана крајот на февруари, по повод 74 години од одбележувањето на театарот ,а премиерно беше прикажана во декмври минатата година

-Претставата отвора низа прашања од светот на реалноста „Кои се маски ги користат луѓето за да го постигнат она што го сакаат? Колку злосторството во ова тензично време може да резултира само со злосторство? Зошто и како злосторот во нашиот генетски код е врежан длабоко во нас, и за кој треба да бидеме свесни за да можеме да превенираме? Претставата има и  емотивен и тензичен дел , давајќи доказ дека никогаш не може да се знае целосната вистина за она кое навистина се случило. Претставата е всушност  трилер со комично елементи.

Во претставата играат Илија Волчески, Даниела Иваноска, Дарко Карбески, Марија Спиркоска Илијеска, Михајло Миленкоски, Сара Спиркоска, Александар Тодески и Димитар Горѓиевски. Драматург е Лидија Митоска – Ѓорѓиевска, за сценографијата и дизајнот на светло се грижи Мартин Манев, за костимите Марта Дојчиновски, а за музиката Томе Темелкоски.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: