ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Пендаровски на централен митинг во Прилеп

126

Со централен митинг во Прилеп СДСМ вечерва ја почна кампањата за Претседателските избори. Претходно, Пендаровски ги посети општините Крушево и Кривогаштани. На митингот во Прилеп на градскиот плоштад „Методија Андонов-Ченто” Пендаровски ја претстави неговата визија за обединето и европско општество во наредните пет години. Посочи дека овие избори се многу важни:

„Овие избори се многу важни бидејќи на спротивната страна имаме опозиција која сака да не врати назад и повторно да преговара како за Рамковниот, така и за Преспанскиот договор, за повторно Македонија да заглави и да не влезе во Европската унија. Ние заедно со граѓаните успеавме да влеземе во НАТО со што Македонија доби тапија на државноста. Влезот во НАТО алијансата за мене е исто значаен, исто кога Македонија стана суверена и независна држава- рече на вечерашниот митинг пред граѓаните на Прилеп, кандидатот за претседател на СДСМ и Коалицијата,“ Стево Пендаровски.

На средбата во Кривогаштани, Пендаровски посочи дека во последните пет години државата оди напред и дека мора така да продолжи и во следниот период, затоа што само така ќе успееме како држава да ги задржиме младите дома. Во Крушево, пред бројните граѓани, Пендаровски порача дека во последните пет години се исполнува аманетот од Крушевскиот манифест заеднички да ја градиме државата како модерна европска држава.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: