ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Ексклузивно : Прилепскиот фудбалски бисер потпиша стипендиски и менаџерски договор во ФК Брера Академија Пандев – Струмица (ВИДЕО)

Личен менаџер на Габриел Талески ќе му биде Горан Пандев

5.456

Прилепскиот фудбалски “wonderkid” продолжува да го живее својот најомилен , “фудбалскиот сон” во Струмица каде веќе три години го надоградува својот талент во Академија Пандев која сега го има “италијанскиот шмек” , Брера.Габриел Талески е чудото од дете,  кое со своите петнаесет години сега веќе потпиша менаџерски и стипендиски договор во овој клуб , дознава Радио Пела. Кога се работи за неговата иднина, на фудбалски план ,  тука секако ќе биде задолжена нашата фудбалска легенда Горан Пандев кој сега е веќе негов личен менаџер и ќе се грижи за правилниот развој на фудбалската кариера на Талески кој е и стандарден репрезентативец на Македонија во помладите категории.

Тимот на Радио Пела од се срце му посакува многу успех на Габриел , искрено се надеваме дека во иднина сите ќе се гордееме на неговие фудбалски мајстории кои уште од мали нозе Габриел ги покажува на терените ширум земјава.И како што велат неговите најблиски:

Кога имаш сон и кога знаеш што посакуваш , тогаш полека почнуваат вратите да се отвораат.Знаеш дека животот има доблести и падови , биди ми упорен и продолжи како и до сега.Среќно! Среќно Габриел да бидеш успешен во она за што и живееш, фудбалот.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: