ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Започна шопинг забавата во Прилеп „Valentine Outlet Weekend“

124

Во Прилеп започна третиот по ред „OUTLET Weekend“  кој ќе трае до 17ти февруари со наслов „Valentine Outlet Weekend“, поради празникот Свети Валентајн, настан во организација на Општина Прилеп и Прилепската чаршија.
Прилепските дуќанџии и угостители на своите излози веќе имаат постери со заштитното лого од настанот, како препознатлив знак за купувачите да знаат каде со попусти можат да пазарат во овие четири дена.

„И овој пат попусти може имаме до 50%!. Покрај попустите имаме и забавна програма во овие 4 дена. На самиот ден Валентајн на неколку пунктови низ градот се нудеи греано вино и ракија, а во останатите денови посетителите ќе ги анимираат реномирани DJ и куклени аниматори. Интересни содржини и пакет-услуги со попуст за време на одржувањето на овој настан ќе понудат рестораните и кафетериите, што ќе претставува посебно уживање за сите оние кои што ќе дојдат на шопинг во Прилеп од 14ти до 17ти февруари„  велат организаторите .

Локалната самоуправа на Општина Прилеп останува верен партнер на прилепската чаршија, која што надалеку е позната по својата ексклузивност, квалитет и трговски шарм.Настанот во своите две претходни изданија предизвика  голем интерес, особено кај купувачите  од регионот: Битола, Крушево, Долнени  Кривогаштани, Новаци, Могила, Ресен, Кичево, Македонски Брод, Кавадарци, но и пошироко од Македонија, бидејќи Прилеп покажа дека знае да понуди шопинг забава.

За сите информации и случувања од настанот  љубителите на шопингот и посетителите на „Valentine Outlet Weekend“ ќе можат да се информираат доколку ја следат фејсбук фан страната од Општина Прилеп и Инстаграм профилот кој што е креиран за овој настан.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: