ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ПРИЛЕП ЗАПОЧНУВА СО СЕЛЕКТИРАЊЕ И РЕЦИКЛИРАЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧЕН И ЕЛЕКТРОНСКИ ОТПАД

171

Општина Прилеп, во соработка со Друштвото за управување со отпад „Нула отпад“ и ЈКП Комуналец, започнува со селектирање и собирање на ситен електричен и електронски отпад. Во општината ќе бидат поставени 24 специјализирани контејнери на различни локации. Во овие контејнери граѓаните ќе можат да одлагаат ситен електронски отпад: батериии, мобилни телефони, ситни апарати од домаќинствата, мали монитори, статични и лаптоп компјутери, тастатури, глувчиња, кабли, звучници, слушалки, МП3 плеери, монитори, телевизори, дигитални и видео-камери, скенери, факс-машини, стерео системи, до максиумум средна големина на принтери.

Локациите на контејнерите за собирање на ситен електронски отпад ќе бидат поставени на прометни улици за да може да се застане со автомобил и да се фрли отпадот или би биле поставени на видливи места да бидат забележани од граѓаните.

Целта е заштита на животната средина од штетните супстанци кои ги предизвикува електронскиот и елктричниот отпад во рамките на спроведување на Законот за управување со електричен и електронски отпад.  „Речиси 70 % од тешките метали, вклучувајќи ја живата и кадмиумот на депониите потекнуваат од електронската опрема.“ велат од ЈКП Комуналец Прилеп.

Воедно, Општина Прилеп заедно со ЈКП Комуналец определи и два собирни центри – во кругот на платото за селекција на отпад на ул „Трајко Николоски“ во населбата Сточен пазар каде од 2016 година постои и витрина за складирање на ситен електричен и електронски отпад и изградениот магацински простор до депонијата во Алинци. На овие две локации граѓаните можат да одлагаат и големи електрични и електронски уреди, при што обврска на колективниот постапувач е да го преземе од собирните пунктови бесплатно.

Општината за таа цел обезбеди 24 пунктови: Пункт 13-катница, Пункт Уред, Пункт Универзална сала, Пункт Бул „Гоце Делчев’’ накај  хотел Липа, Пункт  булевар ,, Гоце Делчев’’, наспроти Џими – маркет,  Пункт Точила под пазарче,  Пункт Димо Наредникот – паркинг  накај Шопе, Пункт  Александар Македонски – стадион, Пункт стара автобуска до мост покрај ново отворената улица, Пункт Табана – паркинг зграда, Пункт  градски пазар од кај катна гаража, Пункт Типска населба – парк, Пункт Могила/хотел Салида – кај оградата, Пункт кај Економско училиште/алтернатива  Рампо Левката, Пункт  кај паркинг  фабрика 11 Октомври,  Пункт Точила –  згради паркинг од кај Света Петка  Ц3, Пункт  Самоилова кај интернат, Пункт Економски факултет, Пункт Тризла меѓу градинка и ООУ,, Добре Јованоски’’, Пункт  Александар  Македонски – накај Лук Оил, Пункт Вишне  кај Месна заедница / алтернатива покрај река повидливо, Пункт згради Ѓогдере – видлив пункт од кај река и Пункт болница или Петта прилепска.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: