ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Филиповата еко градина со душа (ВИДЕО)

88

Филип е млад човек, писател, едукатор, новинар, дипломиран агроном, до скоро урбано момче од Прилеп, а од пред 2 години посветен еко активист и производител на органска храна во својата градина и овоштарник  близу  Прилеп. Тој е локален херој  со знаење, истрајност и љубов кон природата. Филип духовната енергија ја црпи од мирот во дружба со својата градина пренесувајќи го несебично своето знаење. Како еко активист, член на Slow Food  тој волонтира во основните и средни училишта во Прилеп создавајќи нови градини, пренесувајќи им на младите информации за важноста од поврзувањето со природата и здравата еко храна.

Младите се иселуваат и не сакаат да работат земјоделство, додека локалниот херој Филип Димкоски прави голем чекор со сопствениот пример за производство на здрава храна, еколошки активизам, со едукација и претставува инспирација за младите и повозрасните во локалната заедница и пошироко.

 

Оваа сторија е продуцирана со поддршка на регионалниот проект „SMART Balkans – Зајакнување на улогата на медиумите во справувањето со климатските промени“ имплементиран од Центарот за промоција на граѓанското општество (CPCD), Центарот за истражување и креирање политики (CRPM) и Институтот за демократија и медијација (IDM) и финансиски поддржан од Министерството за надворешни работи на Норвешка (НМФА). Содржината на сторијата е единствена одговорност на авторите и не мора да ги одразува ставовите на Министерството за надворешни работи на Норвешка (НМНР).

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: