ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Затоа се на врвот во македонскиот бокс – БК АС пред своја публика се претстави во одлично светло (ФОТО)

Матеј Чатлески ја продолжува доминацијата во македонскиот бокс

440

Во саботата во салата на С.О.У “Ристе Ристески Ричко” во Прилеп се одржа 4то коло од младинска и прва лига во бокс на Македонија во ораганизација на Боксерскиот Клуб “АС” од Прилеп и Националната Боксерска Федерација. Од БК”АС” Прилеп пријавени беа осум боксери а настапија само четворица во официјалните борби.

Во категорија до 54 кг. (деца )Теодор Тошески победи против боксер од БК “Хасан Бег” Скопје . Во категорија до 52кг.(кадети) Илче Малиноски загуби против боксер од БК “Хасан Бег” Скопје . Во категорија до 80 кг. (кадети) Матеј Чатлески победи против боксер од БК “Пинк Пантер” од Штип. Во категорија до 80 кг. (јуниори) Мануел Абдуловски загуби против боксер од БК “Аперкат” од Скопје.Максим Стојановски 75кг,Марко Петрески 50 кг.,Стефан иваноски 57кг. и Давид Наумоски 70 кг. немаа противници.

Во уводните борби настапија : Јаков Димоски ,Димитар Тошески,Константин Талимче ,Димитар Талимче ,Мартин Трајкоски, Влатко Димeски и Лука Тодороски.

Тренерите од клубот велат дека се задоволни  од прикажаните борби и во уводните борби  ( каде одлично се прилгаодуваат на рингот ) и во официјалните.Во официјалните борби Теодор Тошески прикажа одлична борба ,со добрата техника убедливо го победи својот противник. Матеј Чатчески надмоќно го победи својот противник со прекин во првата рунда.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: