ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

За 15 % поскапе осигурувањето за регистрација на возилата – АСО вели не е оправдано

111

Од вчера, 25 април, за 15 % поскапе осигурувањето за регистрација на возилата. Новите повисоки цени се однесуваат за коли со моќност над 44 киловати (КВ) и за товарните возила. Премијата за осигурување за колите со моќност до 44 киловати останува иста.

Според  новиот ценовник, сопствениците на возила со моќност од 44 до 55 КВ наместо 5. 453 денари за осигурување ќе плаќаат 6.292 денари. Осигурувањето за возилата со мотор од 55 до 65 КВ од 6.166 денари се зголемува на 7.116 денари, за колите со мотор од 66 до 84 КВ од 7.133 денари на 8.233 денари, а од 8.510 денари на 9.821 денари е поскапено осигурувањето за колите со мотор од 84 до 110 КВ. Осигурувањето за возилата со мотор над 110 КВ сега ќе биде 11.879 денари, а досега беше 10.294.

За оваа  посакување беа збунети и возачите,  но и вработените кои не знаеле да им објаснат на што се должи поскапувањето.

Денеска , Агенцијата за супервизија на осигурување ипради допи до редакцијата на Радио Пела во које ја известува јавноста дека зголемувањето на цената на полисите за задолжително автомобилско осигурување е неоправдан чекор на осигурителните компании.

По добиените известувања од осигурителните компании дека ќе ја зголемат цената направени се актуарски пресметки за проверка.  По извршените актуарски пресметки утврдено е дека зголемувањето на цената, со дадените образложенија, не е оправдано. Поради тоа АСО го информираше и достави предлог до Министерството за финансии, во рамки на неговите законски надлежности, да иницира изготвување и донесување нова тарифа на премии за задолжително осигурување од автомобилска одговорност. И со тоа да го ограничи износот на режискиот додаток што ќе овозможи намалување на цената на полисите за задолжително осигурување од автомобилска одговорност.“-се вели во дописот од Агенција за супервизија на осигурување  (АСО)

Инаку ,цената за осигурување на возилата ја одредува Националното биро за осигурување.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: