ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ИН МЕМОРИАМ: Почина прилепчанецот Рубин Кантарo, вокаленот солист на групата V.I.S. VOX.

2.090
 Со жалење соопштуваме дека нашиот вокален солист Рубин Кантарџиоски – Кантар ненадејно почина во Прилеп –  напишаа од бендот на нивната страна на Фејсбук.  Неговиот фантастичен глас вокал беше препознатлив печат на песните на V.I.S. VOX. Групата беше особено активни на рок сцената во 80 – те и 90 – те години.
Рубин Кантар остави трага на македонската сцена со својот бенд од 90-те години Don’t!Who!One! Рубин соработуваше и со Мизар на концерти низ регионот. Со VI.S. VOX ги сними албумите „Песни што од секогаш сте сакале да ги слушнете а не сте имале каде“ ( 2012) и „Теодорова сабота ( 2022)
Деновиве се планираше промоција на песната „Тагоре“ со стихови од Рабиндранат Тагоре.
„Кој си ти читателе, кој по едно столетие ќе ги имаш моите песни.
Јас не можам да ти испратам ниту еден цвет од ова пролетно богатство.
Во радоста на своето срце да почувствуваш
Жива радост што пееше во едно пролетно утро
Испраќајќи го својот весел глас
Преку стотина лета.“ –  напиша колегите од групата на нивната фаејсбук  страна
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: