ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

И во Прилеп започнува тестирање за корона вирус со брзи антигенски тестови

1.242

Брзите тестови за Ковид 19 од утре ќе се применуваат и во Прилеп, ова денеска го соопшти Министерството за здравство: „ Во пет здравствени институции во државата, од утре ќе се врши тестирање за корона вирус со брзи антигенски тестови. Тестирања ќе се вршат во Здравствените домови во Штип, Гостивар, Прилеп, Струмица и во општата болница во Кичево. Лаборанти од овие установи минатата недела беа на обука во Скопје, а во текот на неделата ќе продолжат обуките на лаборанти од други градови низ државата, за во најкраток можен рок, брзите тестови да бидат на располагање на матичните лекари на територија на цела држава.“

Екипата – лаборанти од Здравствен дом Прилеп, веќе ја поминаа обуката за  реализирација на овие т.н брзи тестови, кои ќе се прават во биохемиска лабораторија во Уредот.

Брз тест може да закаже единствено матичен лекар и тоа доколку пациентот го исполнува алгоритмот односно има симптоми на вирусот ковид 19, не повеќе од 5 дена. Алгоритмот за брзо тестарање е од Светската здравствена организација, а матичниот лекар по земената анамнеза на пациентот одлучува дали истиот ќе се тестира со ПЦР тест или со антигенски – брз тест.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: