ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Македонските текстилни компании се прилагодуваат на европските стандарди за безбедноста и здравјето при работа

359

Македонските текстилни компании ќе мора да се прилагодат во делот на европските стандарди за безбедноста и здравјето при работа кај работниците доколку соработуваат со партнери од Европската Унија. Безбедноста при работа е многу важен сегмент во делувањето на работодавачите, а Закон за здравје при работа дава можности за работодавачите да ги усогласат своите стандарди во овој дел, за да можат полесно да ги продаваат своите производи на европскиот пазар. Текстилната индустрија во Македонија е втора по големина индустриска гранка во државата и е веднаш до металната индустрија. Во Прилеп активно работат околу 30 фирми од текстилниот сектор кои вработуваат околу 3 000 до 3 500 лица. Најголемиот дел, ако не и целосно производството е наменето за извоз во соработка со странски парнери.

– Безбедноста при работа е многу важен сегмент во делувањето на работодавачите, затоа што самиот Закон за здравје при работа дава можности за работодавачите да ги усогласат своите стандарди во овој дел, за да можат полесно да ги продаваат своите производи на европскиот пазар. Тоа значи дека – ако имаме странска компанија која што соработува со македонска компанија, може преку нивна ревизија да ги исконтролира,  а на прво место им е безбедноста и здравјето при работа кај работниците и на самата компанија онаму каде што тие имаат соработка. Доколку ги исполнуваат овие услови начелно таа компанија од странство соработува со нив и понатаму, посочува Рубинчо Аризански од Здружението Достоинствен работник кое го спроведува проектот „Подобрување на имплементацијата на законите и политиките поврзани со безбедноста и здравјето на работното место во македонската текстилна индустрија“.

Колку законските норми во Македонија за безбедност при работа се на страната на работникот?

– Се што е согласно Законот за безбедност на прво место ни е вработениот. Секако дека треба да постои една добра координација, интеракција меѓу претприемачот и вработените и истото да биде препознаено на работното место. За да имаме безбедни работни места тоа е еден поврзан процес затоа што многу од обврските на работодавачот во смисла обука на вработените, потоа испитување на средства, опрема за работа, испитување на услови во работна средина, поставување на упатства, безбедносни знаци и се’ друго треба да биде направено за вработените преку добра едукација ги почитуваат тие упатства и правила за безбедна работа, Гордана Ноческа, стручно лице од областа на безбедност и здравје при работа од Здружение Логоритам.

Активностите во проектот се насочени на едуцирање и јакнење на капацитетите на граѓаните но со посебна цел на работниците од македонскиот текстил, граѓанските организации, институциите и синдикалните организации. Преку подобрување на законската регулатива и јавните политики во делот на безбедност и здравје  при работа е усогласување на стандардите на безбедност и здравје при работа во македонските текстилни фабрики. Овој проект е поддржан од ЕУ во соработка со Македонското здружение за заштита при работа.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: