ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Македонски Брод : Костенијадата прераснува во фестивал на костенот (ВИДЕО + ФОТО )

По 16-ти пат костенијада во Македонски Брод

916

По 16-ти пат општина Македонски Брод ја организира манифестацијата костенијада , која годинава се ребрендира во дводневен фестивал на костенот.Стартот е закажан на 27-ми октомври во попладневните часови,  со ноќта на костенот , каде ќе се вкусат печените костени а сето тоа ќе биде пропратено со голема музичка забава.Следниот ден , сабота 28-ми октомври во 10часот ќе се реализира изложбата “Златен Костен” во домот на културата , каде дечињата од детската градинка, дечињата со посебни потреби од дневниот центар Манастирец од Македонски Брод и учениците од основното училиште ќе прават различки макети од костен.Неизбешен сегмент на фестивалот на костенот е и дефилето како и културно уметничките активности и дегустацијата на костенот  , се разбира во соработка со гимназијалците од општина Македонски Брод кои за оваа пригода имаат подготвено различни производи од костен.

Посетителите ќе имаат можност да го пробаат и вкусот на печениот  поречки костен , а ќе бидат изложени и голем број на еколошки и здрави  производи од поречкиот крај , особено медот кој се произведува таму.Фестивалот на костенот завршува со културно уметничка забава , истиот ден околу 14  часот.

Ние сакаме да ја зачуваме автохтоноста на самата сорта на костен , затоа што да напоменам, станува збор за цели костенови шуми , огромни  природни плантажи на отворено ,  е сега што треба ние да направиме во тој дел , имаме информации од собирачите на костен дека дел од костеновите стебла почнуваат да се сушат.Општина Македонски Брод оди на таа варијанта во соработка со стручни лица да се изработи соодветна студија за да може да се заштитат тие костенови стебла и сметам дека ако ги заштитиме нив , подобро би било да продолжиме да го собираме костенот на овој начин , отколку да одиме со плантажи.Иако општината не е во можност , а тука треба државата да стави рака , да обезбедиме соодветни пристапни патишта  до самите костенови шуми.Да бидеме реални, на времето се чувало добиток во поречието , и така се носеле костените од тие тешко достапни шуми до населените места.Сега ние го имаме тој проблем па затоа сакаме да се изработи таа соодветна студија ,  односно пристап до костеновите шуми – вели градоначалникот на општина Македонски Брод , Жарко Ристески.

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: