ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

(ВИДЕО)Македонски Брод се подготвува за фестивал на отворено „SAMOKOV XTREME„ за промоција на алтернативниот туризам во Порече

257

На 3 и 4 јуни, ( 2023г) во Самоков и Белица (Македонски Брод) во организација на Општина Македонски Брод и здруженијата: Форум за Авангардна Креативност, Вело Че и САМОКОВ ЕСТРЕМ, по втор пат ќе го организираа фестивалот на отворено SAMOKOV XTREME на кој ќе земат учество на  500 спортисти и љубители на природата.

Учесниците ќе можат да учествуваат во: возење со теренски возила ( џипови), возење мотокрос , возење со АТВ возила, возење со МТБ велосипеди и во планинарска тура.

Целта, вели градоначалникот на Македонски Брод, Жарко Ристески, е да се доближат убавините на Порече во насока на развој на алтернативниот и руралниот туризам  и поставување и препознавање на Македонски Брод од страна на вљубениците на природата, на мапата на атрактивна дестинација за атернативен туризам во живописна еколошка природа:

Велосипедската тура е во организација на Здружението ВЕЛО ЧЕ која годинава ќе се одржи по петти пат. Базата и стартот на вело турата ќе бидат во ресторанот Чифлик во с.Белица,  велат од Вело ЧЕ.

На учесниците ќе им бидат понудени две велосипедски тури, и тоа : Мала Тура – GREEN TOUR, која се вози по течението на река Треска, со освежување во с.Црешнево  и Голема Тура – EPIC TOUR, која ќе се вози до Фојник, каде велосипедистите ќе ги чека пункт за освежување.

Планинарската тура  ќе биде во должина од околу 15 км на релација : Старт од кампот во Самоков –  с.Ковач – с.Бенче- враќање во Самоков, каде ќе бидат ангажирани искусни планински и велосипедски водичи.

Додека, турите со теренски возила, АТВ возила и мотокрос ќе се возат двата дена(сабота и недела) на релација :  (Сабота 03 јуни 2023г) Самоков – Добра вода – с.Бенче – Самоков, а во недела (04 јуни 2023г) Самоков – с.Рамне – с.Брест – Фојник планина – с.Требовље – Самоков.

Градоначалникот Жарко Ристески истакна дека во целата оваа организација е вклучено и месното население кое на посетителите ќе им нуди локални производи и специјалитети – ѓомлезе, питулици, планински мед, чај, печурки, а и сместувачки капацитети за сите учесници и за посетителите, со пониска цена  и со вклучен доручек.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: