ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Моќта е во рацете на граѓаните

590

Матичните лекари од ресорното министерство освен препораките добиени на стартот од пандемијата, не добиле дополнителни насоки како да постапуваат со пациентите сомнителни на Ковид 19. Но, веќе се јавува потреба, матичните лекари не само по телефон, како што беше досега, да бараат начини за да го намалат притисокот врз секундарното здравство и да ги прегледуваат и лекуваат пациентите.  

Добар дел од матичните лекари и досега ги прегледуваа пациентите, и ги препраќаа онаму каде што требаше, но сега им препорачувам на сите тоа да го прават.  Денеска има состанок во министерството за здравство и нашата претседателка од Здружението на приватни лекари, чекаме да добиеме насоки. Не само насоки, како да постапуваме со пациентите, туку и насоки како да ги лекуваме нашите пациенти. Вчера инфектолозите, на добра волја нивна, а на наше барање ни дадоа протоколи како ние да постапуваме: кои се ниско ризични, кои се високо ризични пациенти. Ова е нова болест, болест која што никаде во литература не можете да најдете препораки. На состанокот со градоначалникот вчера беше спомнато да бидат напрвавени амбуланти за преглед на сомнителни на Ковид, но сметам дека тоа не е изводливо. Најголемиот дел од пациентите со корона вирус во Прилеп се на домашно лекување. Верувајте дека е многу тешко да се води пациент со  корона вирус, бидејќи е многу голема одговорност. Затоа ние бараме насоки, зашто секој сега постапува по свое лично видување, ние не се откажуваме од нашите пациенти, ќе ги прегледуваме, зашто тоа е ризикот на нашата професија,  рече  Нора Димшоска Тасеска, претседател на здружение на приватни лекари на Прилеп.

Епидемиолозите апелираат да не се прават дополнителни притисоци и паника за правење на Ковид тестови и хоспитализација на позитивните случаи со што ќе се оптовари здравствениот систем. Одговорноста е на сите нас, во почитување на мерките, носење на маски и социјална дистанца.

Моќта е во рацете на граѓаните“,  вели  Мирјана Крстеска, началник на инфективно одделение, и додава  „Не значи дека ако некој во фамилијата е позитивен, дека сите треба да бидат тестирани. Тоа ние ќе го покажиме со матичните и сите, да биде тестиран тој што е критичен, со кардиоваскуларни заболувања, со хоб, со астма, со некој тешка болест. Значи еден дома позитивен, веројатноста е и дека сите се позитивни, но не мора да бидат сите тестирани. Да биде првично тестиран оној кој спаѓа во онаа ризична група“.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: