ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Навремено без проблеми се одвива изборнот процес вo Прилеп, Кривогаштани, Долнени, Крушево

100

Гласањето во Прилеп почна навреме и тече непречено и без проблеми, потврдуваат од општинската изборна комисија. Своето право на глас денеска може да го остварат 62 169 избирачи за претседателските избори и 62 271 гласач на парламентарните избори.

Точно во 7 часот се отворени 142-те избирачки места во Прилеп. Изборниот процес почна без проблеми. Гласачкиот материјал изборачките одбори навреме го подигнаа, изјави Валентин Божиноски, претседател на ОИК Прилеп.

Според првичните информации од комисиите, гласањето почна навремено и во Кривогаштани, Долнени и во Крушево.

Во Крушево денеска може да гласаат 7 775 граѓани со прави на глас на претседателските или 7 795 избирачи на парламентарните избори кои гласачкото право може да го остварат на 22 гласачки места.

Во Кривогаштани на 13 избирачки места своето право на глас го остваруваат 4 428 гласачи за претседателските, а 4 434 избирачи се запишани во единствениот избирачки список за парламентарните избори.

Во Долнени денеска може да гласаат 11 730 жители со право на глас за претседателските, а 11 748 избирачи за парламентарните избори. Се гласа на 40 избирачки места.

До 09,оо час излезноста во Прилеп е 6,5 % ,со одреден процент излезноста е поголема за 2% , споредбено со првиот круг на претседателските избор,информираат од партиски  извори, а 6,7 според ДИК. Излезноста во Општина Кривогаштани е највисока 9,43.

Во Прилеп вчера правото на глас го остваруваа болните и немоќните, штитениците во Домот за стари лица „Киро Крстески Платник“ и осудениците во прилепскиот затвор. Од 455 болни, правото на глас го искористиле 430 за претседателските, а 432 граѓани за парламентарните избори. Во Домот за стари лица, од 68 запишани избирачи од 21 општина гласале 48, а во прилепскиот затвор од 104 осуденици со право на глас, за претседателските избори гласале 77, а за парламентарните 81 лице.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: