ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

„Најсреќниот човек на светот“ вечерва во киното Мис Стон

100

Македонскиот филм „Најсреќниот човек на светот“, во режија на Теона Стругар – Митевска во кино Мис Стон, денеска понеделник, 8 мај 2023 ќе се прикажува од 20.00 ч.

Филмот имаше премиера лани и беше избран за македонски кандидат за Оскар во категоријата најдобар меѓународен филм. Филмот е копродукција помеѓу Македонија, Словенија, Хрватска, Белгија, БиХ и Данска.Режија:Теона Стругар Митевска, улоги:Ирма Алимановиќ, Изудин Бајровиќ, Ведрана Божиновиќ, Јелена Кодриќ, Ана Костовска, Николина Кујача, Лабина Митевска, Ксенија Маринковиќ, Мона Муратовиќ, Аднан Омеровиќ, Кемал Ризвановиќ, Синиша Видовиќ; времетраење: 100 мин; 
земја: Македонија, Данска, Белгија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина; жанр: драма; продукција:Сестри и браќа Митевски

Возрасна категорија:12+ 

Кратка содржина: 

Асја е 40 годишна самостојна жена која живее во Сараево. Таа го запознава Зоран, 43 годишен банкар на настан за состаноци. Но Зоран не е таму за да ја пронајде љубовта на неговиот живот, туку прошка. За време на војната во 1993 Зоран пукал врз градот од спротивната страна и сака да ја запознае неговата прва жртва. Сега, двајцата ќе треба повторно да ја преживуваат болката во нивната потрага по прошка.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: