ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

На Прилеп му е потребна универзалната сала – спортистите едногласни за иницијативата (ВИДЕО +ФОТО)

Универзалната сала е главен спортски приоритет на Прилеп - спортистите едногласни за иницијативата

2.246

Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија да биде медијатор за да се најде решение помеѓу ЈП  за стопанисување на стамбен простор во сопственост на владата и локалната самоуправа на општина Прилеп , ова е барањето за отворање на универзалната сала, на прилепските спортисти , спортски работници , спортски колективи и љубители на спортот.Тие се едногласни во ставот дека на градот и тоа како им е потребна оваа сала која ќе помогне и за правилен развој на спортистите но и секако да се отргнат тренинзите на многуте спортски клубови од училишните сали и реализирање на тренажниот процес во прилепскиот храм на спортот.

Знаеме дека Прилеп на спортска инфраструктура е слепо црево во нашата држава а мораме да покрениме ваква иницијатива за сите овие објекти полека полека да  се вратат во првобитната положба и да се отворат за спортистите и спортските клубови во нашиот град – истакна меѓу другото Рубинчо Седлоски долгодишен ракометар и сегашен ракометен судија.

Се надеваме дека надлежните фактори ќе имаат слух и дека ќе излезат во пресрет на ова наше барање и нормално ние како сојуз на училишен спорт се надеваме дека со отворањето на салата ќе се растеретат училишните сали кои во овој момент се преоптеретени – истакна  Здравко Ристески 

Данаил Домлески , претставникот од кошаркарскиот клуб Мега Баскет меѓу другото рече дека се надева дека  со ова барање ќе се најде и разбирање за отстапување на универзалната сала на општина Прилеп а со тоа ќе добијат само и само спортските клубови и спортистите од градот.Пуштањето во употреба на универзалната сала е и економска придобивка за градот , истакна Киро Здравески од џудо клубот Сеишин.

Развојот на спортот е приоритна точка во мандатот на првиот човек на Прилеп , а Јовчески максимално ја подржува оваа иницијатива , велејќи дека  главниот клуч на ова прашање го има ЈП  за стопанисување на стамбен простор во сопственост на владата.

Во продолжение погледнете ги и изјавите :

 

 

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: