ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Николовски: Тутунарите ќе добијат дополнителна субвенција (ВИДЕО)

3.104

Производителите на тутун очекуваат денеска и утре сите откупни компании да го следат примерот на Тутунскиот комбинат Прилеп и да ја зголемат откупната цена на тутунот. Kако што рече денеска претседателот на Сојузот на здруженијата на тутунопроизводителите, Менде Стомнароски, тутунарите очекуваат и предавањето на реколтата да тече без никакви проблеми.

-Мерките на Владата, но и покачувањето на откупните цени за кои синоќа донесе одлука ТК Прилеп, се добредојдени за тутунарите. Бевме во исчекување кога ќе се случи покачувањето на откупната цена и колку ќе изнесува иако нам секогаш, колку и да цената покачена, ќе ни биде мала.

Очекувам сите останати компании да го следат примерот на ТК Прилеп. Денеска и утре очекувам да ја зголемат откупната цена и агонијата на чекањето за непредавање на количините да заврши, рече Стомнароски на прес-конференција во Владата.

Претходно, на прес-конференцијата, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски соопшти дека тутунарите ќе добијат дополнителни 20 – 30 денари субвенција за предаден тутун по класи, а од 2024 година за нив се предвиден и „зелена нафта“, како и 6 000 денари поддршка за хектар површина.

Извор: МИА

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: