ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Опремата на полицијата презентирана пред граѓаните на Крушево

529
На “Гумење” во Крушево ,по повод,  одбележување на Денот на македонската полиција 7 Мај , беше изложена и презентирана опремата со која работи Министерството за внатрешни работи.
На настанот присуствуваа градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски и заменик директорот на БЈБ, Ариф Асани. И двајцата ги посетија штандовите каде што службите имаа кратки презентации за опремата.
“Ова е еден несекојдневен настан кој за прв пат се одржува во Крушево и добро е што преку овие настани граѓаните одблиску се запознаваат со работата на безбедносните служби. Благодарам за посетата на заменик директорот Ариф Асани и се надевам на уште подобра соработка.”, порача градоначалникот на општина Крушево.
Настанот го организираше МВР со поддршка на општина Крушево.
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: