ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Откупот може да продолжи, но кој ќе го презема вишокот тутун?

1.481

Измените на Законот за тутун кои што Парламентот ги донесе минатата недела, веќе стапија во сила поради што откупот може да продолжи уште денеска, според ресорниот министер Хоџа, но сеуште е нејасно кои од откупувачите дефинитивно ќе се пријават за преземање на вишокот на тутун. Денеска треба да се знае кои компании ќе го дооткупуваат ланското производство, за што потребно е истите да обезбедат амбалажа, да се организира кои пунктови ќе бидат ставени во функција, за да се организира целокупниот процес.    

Министерот денеска очекува од откупувачите да кажат колку од вишоците ќе може да преземат по што, ќе се знае дали ќе има дополнителни измени на Законот за тутун кои би овозможиле извоз од страна на производителите.  

Од реколтата 2020/21 договорени количини имаше 23.000 тони, а досега, се откупени 23.300 тони. Според тутунските здруженија на терен има околу 2 илјади тони од ланската реколта за дооткупување, производство кое што секојдневно губи на тежина и квалитет. Паралелно започна и новата сезона со расадопроизводство, иако не се утврдени цените во новите договори со откупувачите. Но во земјоделството работата мора да тече, велат тутунарите, бидејќи во тек и  подготовката на земјишните парцели планирани за тутунопроизводство.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: