ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

„Петорка“ на Победа против Тетекс во првото коло од ВФЛ

199

Победа го порази Тетекс во Прилеп, во дербито на двата големи македонски брендови, славејќи со 5-1 во пресметката од воведното коло во Втората лига. Победа одигра фантастично, а Јорданчо Наумоски, потсети на играта на неговиот татко, Тони Наумоски, особено по изведбата на слобдните удари. Прецизно и во агол, од слободен удар во 74 мин, Наумоски го префрли „живот ѕид„ и и’ го донесе на Победа трегиот гол .

Уште од првата минута играчите на Победа ја уверија публиката дека  ќе види одлична игра, многу голови и шанси. Натпреварот беше богат со убави потези и брза игра од двете страни, црвен картон за гостинскиот голман Амзаи, одбранет пенал на Николоски.

За Победа стрелци беа Филип Димоски во 1 минута, Дарко Грозданоски  13, Јорданчо Наумоски 74, Анатолиј Петејчук 77 и Филип Спиркоски во 90, додека за Тетекс Матео Софијаноски го погоди голот на Победа во 36 м.

ПОБЕДА: Николоски, Талески, Стомнароски, Кочоски, Дебрешлиоски (58. Горгиовски), Ф. Димоски (85. Ф. Спиркоски),  Наумоски (85. Богевски), Кукески, А. Петејчук (88. Л. Петејчук), С. Спиркоски, Грозданоски (85. Алимоски). Тренер: Филип Мирчески.

ТЕТЕКС: Амзаи, Стојковски, Спасовски, Мат. Софијаноски, Богдановски, Салији (60. Елмази, 74. Богојевски) , Мар. Софијаноски, Јанакиевски, Обадиќ (26. М. Јаневски), Ристески, Јакимоски,. Тренер: Стојан Тодороски.

НАРЕДНО КОЛО (сабота 19 август): Башкими-Победа!

Преземено:

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: