ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

“Подари насмевки” е Новогодишниот хуманитарен базар кој го организираше СОЕПТУ Кузман Јосифоски – Питу (ВИДЕО +ФОТО)

ем креативни , ем работливи , ем хумани учениците од СОEПТУ Кузман Јосифоски - Питу

701

Деновите пред Новата Година средношколците и професорите од економско-трговскот  прилепско училиште  ги искористија да внесат празнична атмосфера во училиштето со поставување на новогодишни декорации, а денеска пак, во дворот на училиштето  организираа „Новогодишен хуманитарен базар“ .

На штандови беа изложени новогодишни украси изработени од учениците, кои се продаваа, по симобилична цена, а собраните средства ќе бидат донирани за да им донесат радост и среќа на други деца.

 

Хумани и на дело , средношлците од СОЕПТУ Кузман Јосифоски – Питу , ги изложија своите креации на Новогодишниот хуманитарен базар, насловен “Подари насмевки” пред бројните посетители . Се купуваа новогодишни украси, колачиња, се пиеше топол чај, и  се делеа безброј насемвки, и од продавачите-ученици  и од купувачите-добронамерници.  Така измина овој ден ! Се’ се распродаде ,  а собраните средства, одлучија учениците, да ги наменат за новогодишни пакетчиња за дечињата кои го посетуваат Центарот за церебрална парализа од Прилеп , а дел о за лекувањето на момченцето, Ангел Христовски.

А,  хуманитарниот базар на учениците, со насмевнати лица, уште долго ќе се памети , како потврда на кративноста, хуманоста и солидарноста, како не загубени човечки вредности !

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: