ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Полицијата регистрирала три физички напади викендов во Прилеп и Кривогаштани

255

На 18.03.2024 во 00.20 часот во ОВР Прилеп, Т.Д.(50) од Прилеп пријавил дека во царински терминал на ул.„Трајко Николоски“ во Прилеп бил физички нападнат од Б.Б. и уште едно лице. Подоцна, според пријавеното, на ул.„Борка Влачарот“ во Прилеп, Б.Б. заедно со Х.З. и И.Б. повторно го нападнале него и неговиот брат З.Д.. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на настанот, по што против учесниците ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 17.03.2024 во 00.10 часот во Полициското одделение Кривогаштани, И.Е.(50) од с.Воѓани пријавил дека во с.Воѓани бил физички нападнат од  А.Х. од истот село. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 17.03.2024, полициски службеници од Полициското одделение Кривогаштани ги лишиле од слобода Д.К.(34) од с.Бела Црква и М.К.(35) од Битола, со привремено живеалиште во с.Пашино Рувци затоа што околу 00.20 часот агресивно се однесувале во угостителски објект во с.Кривогаштани и оштетиле дел од инвентарот во објектот. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: