ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

229 прилeпчани незаконски примале социјална помош

332

„Над 2 200 корисници незаконски примале социјална помош и пензија“, тврди министерот за труд и социјала во техничкана влада, Ѓоко Велковски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Станува збор за злоупотреба на системот за социјална заштита и незаконско и против правно исплаќање на средства за гарантирана минимална помош, народски позната како социјална парична помош и социјална пензија на лица кои не исполнуваат законски услови да ја примаат

Според големината на градови Прилеп е водечкиот, со 229 лица кои незаконски примале социјална помош и  социјална пензија. Злоупотребата на правото на добивање на социјална помош и пензија , со над 100 лица е детектирана во  Битола 166 корисници , Куманово – 235, Прилеп – 229, Гостивар – 164, Скопје – 714,  Карпош – 125, Кисела вода – 155, Чаир – 151,  Шуто Оризари – 121, Тетово – 150.

Незаконското користење на овие права направила огромна штета врз Буџетот – „Месечната штета е 18 милиона денари. Годишно над 200 милиона денари. За сите над 2 200 корисници“,истакнал Велковски

Според него, манипулацијата е системска, и како што вели тој, во неа веројатно биле вклучени повеќе лица, „за што е започнат и вонреден инспекциски надзор, со цел да се откријат сторителите„, вели Велковски, зад овој милионски криминал во МТСП.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: