ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Премиера на македонскиот филм „Преекспонирано“ во киното Мис Стон

165

Новиот македонскиот филм „Преекспонирано“ на режисерката Елеонора Венинова премиерно ќе биде прикажан во киното „Мис Стон“ на 4 мај 2023 /четврток/ со почеток од 20.00 ч.

     Улогите во филмот ги толкуваат: Камка Тоциновски, Благој Веселинов, Сара Климоска.

Кинематографер е Лев Предан Коварски, музиката е на Линдзи Рајт, сценографијата на Срѓан Митровиќ. Сценариото е на Елеонора Венинова, монтажер – Гоце Кралевски, а костимите се на Жаклина Крстевска.

Монтажер за звук: Дарко Спасовски,  продуцент е Гоце Кралевски (ДНФ ФИЛМС), а копродуцент Мирјана Томиќ (ЛИЛИТ-Србија). Филмот е поддржан од Агенцијата за филм, Српски филмски центар и Еуримаж. Светската премиера на филмот „Преекспонирано“ се случи на А фестивал во официјална конкуренција на Меѓународниот филмски фестивал во Каиро, во ноември минатата година. Азиската премиера беше во февруари годинава, а македонската пред десетина дена. 

Влезниците можат да се набават два часа пред почетокот на проекцијата на билетарницата од киното.

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: