ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Продолжува да расте бројот на новозаразени од Ковид 19 во Прилеп

1.119

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.345 тестирања, а регистрирани се 373 нови случаи на Ковид-19, од кои во
Скопје – 155, а во Прилеп – 47 . Пријавени се вкупно 8 починати лица: 5 пациенти од Скопје (94г, 81г, 79г, 78г и 76г) и по еден пациент од Куманово (66г), Гостивар (61г) и Прилеп (76г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Регистрирани се 309 оздравени пациенти најмногу од Скопје – 114, а во Прилеп 12.

Во Прилеп меѓу првите во земјава регистрираше пациенти од новиот британски сој на корона вирус, што според здравствените работници е причината за побрзо ширење на инфекцијата. Од почетокот на февруари до денес, регистрирани се 343 позитивни пациенти, а 34 се на болничко лекување. Поради ова, покрај Инфективното одделение, повторно се активираат и другите оддели во прилепската болница.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: