ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Ракометно дерби во плеј аут лигата – прилепчани на мегдан со Еурофарм Пелистер 2 (ФОТО)

Битка за првото место во плеј аут лигата

124

На програмата е редовното седмо коло од прволигашкиот плеј аут каде прилепчани гостуваат во Битола кај Еурофарм Пелистер 2.Пресметка која секако ќе биде возбудлива.Гостите имаат моменто три бода предност пред битолскиот тим, 18 на контото кај РК Прилеп и 15 кај Еурофарм Пелистер 2.Секако триумф за ростерот на Мојсов ќе значи што поблиску , опстанок и догодина повторно дуели во најквалитетната лига.

Еден од оние кој воспоставува и континуитет во својата форма (со одличните партии)но и на екипата е и младиот голман Давид Ацевски,кој пред овој дуел е оптимистички расположен и вели дека тој и неговите колеги треба со мирни глави и максимално фокусирани да ги одработат задачите дадени од тренерот, за да ја продолжат победничката серија.Тој смета дека неговата екипа може и тоа како да игра на едно повисоко ниво и сите заедно да докажат дека местото на РК Прилеп е во суперлигашкото друштво.

Натпреварот помеѓу Еурофарм Пелистер 2 и Прилеп се игра во недела со почеток во 18:30 во спортската сала “Боро Чурлевски”.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: