ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Што реализира Општина Крушево во годината што измина?!Што е планирано за 2022 година?!

435

Општина Крушево во 2021 година реализира 20 проекти, а во тек се уште десетина проекти чија реализација ќе заврши во 2022-ра година.

„Во годината што измина реализиравме многу важни проекти. Водоснабдување, патишта, канализации, проекти во туризмот, проекти посветени на млади, социјални групи и друго. Благодарение на завршените проекти и оние кои се започнати достигнавме сума од 7 милиони евра во проекти за 4 години во Крушево.“, посочи градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

Најважното од се, според градоначалникот Христоски, се двете инвестиции во изградба на фотоволтаични електрани и изградба на термоелектрани.

„Општината истовремено се справуваше со коронавирусот кој беше голем предизвик и во 2020-та и оваа 2021-ва. Но, граѓаните очекуваат проекти затоа што мора да се продолжи со реализација, решавање на проблеми и одговор на барања. Затоа, водевме битка на два фронта и мислам дека успеваме. Важно е, заедно да продолжиме“, потенцира градоначалникот на општина Крушево.

 

Во 2021 година се обезбедија две инвестиции во Крушево: Изградба на фотоволтаични електрани и Инвестиција во изградба на термо електрани Во 2021-ва со гасификација и опремување на теретана се заокружи проектот за реконструкција и проширување на намената на спортската сала. Се оспособија сала за театар и кино и просторија за советот со опрема за пренесување на седниците во живо. Горната училишна зграда е пред технички прием. Во викенд зоната „Езеро“ се постави осветлување кое го направи ова место популарно и во вечерните часови, а со финансиска и логистичка поддршка на Халкабанка АД Скопје и НЛБ банка АД Скопје се реконструираше малиот мост и изврши промена на оградата на браната заедно со изградба на пристапна патека. Со Халкбанка се обезбеди и училиштен прибор за првачињата. Се санираа над 2 километри локални улици, а нов асфалт добија:Платото на Гумење Главната сообраќајница, Ќиро Фетак, Партизанска, а во тек е дел од ул. Питу Гули и процедура за реконструкција на патот Врбоец – Св. Митрани – Кривогаштани Во 2021-ва година продолжи опремување на ТППЕ Крушево и со тоа подобрување на услугите кон граѓаните. Се реконструира просторијата на Единицата и заградата во која е сместена доби нов лик. Општина набави нова опрема, а во тек е обезбедување на дополнителна заштитна опрема за вработените. Внаселените места се работеше на улици во Борино, а во ова населено место се реновира училиштето. Во Јакреново при крај е целосно имплементирање на проектот за водоснабдување. На изградба на резервоар во завршна фаза и во Пресил, посочи Христоски

Што се оденсува во сверата на опразованието Оптшина Крушево отпочната е постапка за реконструкција и доградба на училиштата во Бучин и Пресил, а се подготвува и техничка документација за училиштата во Алданци и Врбоец.

Во областа на образованието тековно се работи на реконструкција на фискултурната сала во ООУ „Никола Карев“ Крушево и целосна промена на кровната конструкција. Последните два месеци од 2021-ва донесеа нов проект со општина Елбасан од Албанија во областа на туризмот. Проектот изнесува над 700 илјади евра и вклучува: Изградба на паркинг до полетувалиштето Поставување на две мерни станици Оспособување на патека за „даунхил“ (планински велосипедизам) ЛЕД осветлување ,а за јавнат ачистот  донесена е одлука за набавка на камион за отпад и теренско возило за ЈП „Комуна“ Крушево“  во своето објраќање посочи гдоначалникот на Оптшина Крушево, Томе Христоски.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: