ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Тутунарите бараат решенија, трибините продолжуваат

602

Во Радовиш и Конче, региони каде традиционално се произведува квалитетен тутун, во организација на новоформирани тутунарски здруженија, се одржаа 2 трибини на тема „Тутунопроизводството, проблеми и решенија “.  Идејата е во пресрет на новата реколта тутунопроизводителите да обезбедат реални рентабилни цени за опстанок на овој земјоделски сектор.

Според Игор Мирчески, координатор на новоформирани здруженија на тутунари, главен проблем е ниската цена со која не можат да си ги покријат производствените трошоци, но и зголемување на субвенциите на 90 денари за сите класи, како и вклучување на тутунарите во мерката – зелена нафта.

Со оваа политика како што велат од здруженијата ќе се намалат површините под тутун како стратешка култура, ако не се преземи нешто од страна на МЗ, од Земјоделскиот инспекторат и од Сојузот на тутунари . Вакви трибини се одржаа во Прилеп, Конче и Радовиш, а ќе бидат одржани во уште неколку општини, за спас на тутунската дејност.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: