ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Уметникот Зоран Кардула именуван за витез на културата на ЦСЛУ за 2022

932

Изложбата „Војна на ѕвездите и Македониум“ на Зоран Кардула во Центарот за современа ликовна уметност во Прилеп предизвика  огромен интерес кај публиката на вечерашното  отворање. Обмислено и реализирано како едно поинакво презентирање на модерната уметност на Кардула инспирирана од култната серија „Војна на ѕвездите“ , настанот ја разбуди љубопитноста за мултимедијално уживање кај публиката.

Деца од основните училишта, тинејџери, студенти, повозрасна генерација кои биле или сеуште се вљубеници на серијата, уживаа во современите уметнички дела на Кардула пренесувајќи трансвременска енергија споена со современиот македонски  симбол во Крушево, споменикот Македониум.

– Зоран Кардула не е само еден од најпозитивните современи македонски артисти, тој е дигитален архивар, дигитален патописец или на крушевски кажано – касела, од чија што работилница излегуваат работи кои што се многу важни  за она што го нарекуваме заедничка колективна меморија на локалната заедница, која што е многу важна за колективната културна меморија. Има неколку работи зошто мислам дека Кардула е заеднички уметнички артист архивар. Тој преку тоа што го работи не’ потсетува дека вчера на пример е роден Михајло Пупин, кој е тој, која е Милена Дравиќ…Тој ги доближува, ги реактуелизира хероите од времето на Југославија, асномската Македонија, како што се Вера Ацева, Елпида Караманди, 18 жени учеснички во Шпанската граѓанска војна, жените од  Дахау, и тој многу такви моменти заштитува од заборав “ посочи Звонко Димоски, уметнички критичар и модератор на настанот.

И како што беше најавено, Зоран Кардула беше прогласен за прв витез на културата на ЦСЛУ за 2022 година.

„Витештво за култура се доделува за видни, поривни достигнувања во матичната дисциплина инкорпорирани во сродни, навидум неспоиви уметнички текови, а бидува при тоа и тивок навидум, јасен коментатор на општествено социјалните случувања во прилог на нови дострели, децентрализација на уметноста и заштита на локалното делување“, стои во прогласот за доделување на витешкиот медал.

За прв пат во Прилеп на изложбата беа презентирани холограми за што се погрижи Orengs, секако инспирирани од Војна на ѕвездите. А дека уметноста ги спојува  различните текови доказ беа ликовниот уметник Александар Џинго, актерско музичкото дуото ВолЧело, Трет Сектор надополнето со гастрономско уживање од локалниот бренд Бавчика.  

Изложбата „Војна на ѕвездите и Македониум“ на еден од најпознатите македонски графички дизајнери, сликарот Зоран Кардула на големо задоволство на вљубениците на современата ликовна уметност ќе биде на „дофат“ во Центарот за современа ликовна уметност во Прилеп нареднава недела.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: