ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

(ФОТО) Дејан Проданоски е новиот претседател на Советот на Општина Прилеп

2.588

Пред присуство на пратениците на Прилеп, граѓани, медиуми, преставници од граѓански здруженија, со интонирање на македонската  химна, денеска беше одржана првата конститутивна седница на новоизбраниот состав на Советот на Општина Прилеп. Најпрвин беа верификувани мандатите на новоизбраните советници,  а потоа со 14 „за“ и 12 „воздржани„ беше избран и новиот претседател на Советот на Општина Прилеп , Дејан Проданоски.

 

Тој  при при преземањето на обврската вети дека ќе работи според законските прописи и дека очекува конструктивна соработка со сите советници, без оглед од која политчка опција припаѓаат, наглсувајќи притоа дека императив на Советот ќе биде интересот на граѓанинот, а медиумите ги повика да ја следат работата на Советот и да бидат коректори на власта.

 

  

 

 

 

„Ветувам како претседател на Советот дека ќе ги запазиме сите законски прописи, ќе работиме согласно со Статутот на општина Прилеп и Деловникот за работа. Седниците на советот ќе бидат отворени за сите граѓани„ рече Проданоски.

Потоа советниците дадоа свечена заклетва во која изјавија дека ќе работат совесно и ќе ги почитуват законите на државата.

 

Пред советниците  се обрати и градоначалникот на Прилеп,  Борче Јовчески кој им посака делотворна и плодна работа на новизбраниот советнички состав во наредните четири години

„Очекувам дека во иднина заедно со сите советници и со Советот да работиме во интерес на граѓаните, рече Јовчески.

Совет на Општина Прилеп го сочинуваа 15 совеници од редовите на ВМРО ДПМНЕ 10 од редовите на СДСМ и два пратеник од Левица

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: