ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Целосен прекин на железничкиот сообраќај во државава

864

Бидејќи сѐ уште не им е исплатена платата за април, работниците од Железници Транспорт одлучија од денеска, од 8 часот да не ги извршуваат работните задачи, односно, да не ги поправаат и прегледуваат машините, „и, како такви тие не можат да бидат вклучени во сообраќај“ , наведуваат од РЕ Одржување во известување за состанокот што го доставиле до генералниот директор и Управниот одбор на ЖРСМ Транспорт. Патничкиот и товарниот железнички сообраќај во државава од изутринава е во прекин.

Прекинот на сообраќајот стартувал со возот 7011/0506  предвиден со возниот ред во 09:30 часот на релацијата Скопје – Велес.

Согласно договорот со раководството на железничката компанија од изминатиот период, доколку  до 15-ти во месецот не биде исплатен првиот дел од платата односно до 25-ти вториот дел од платата, наредниот ден работниците ќе престанат да ги извршуваат работните задачи и нема да ги поправаат и прегледуваат машинит, .се наведуваат од РЕ Одржување, пренесува МИА.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: