ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Проданоски: земјоделците и тутунарите се оставени на милост и немилост, додека во Македонија неконтролирано се продава увезен зеленчук!

134

Прес конференција денеска одржа Дејан Проданоски, претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп, на која во фокус беше состојбата во земјоделството во Македонија. Ја пренесуваме во целост:

Република Македонија никогаш не била во полоша состојба, на секое поле. Владата предводена од СДСМ и ДУИ, освен хаос и безредие, не донесе ништо позитивно за граѓаните. Мерките што ги донесе најнеспособната влада, се или задоцнети, или целосно промашени. Земјоделците и тутунарите го почувствуваа директно сето тоа на своја кожа! Владата требаше, ама не успеа или не сакаше навреме да ги замрзне цените на нафтените деривати, на електричната енергија, на ѓубривата, на препратите, со што ќе го олеснеше процесот на производство. Но наместо тоа, ги остави земјоделците и тутунарите на милост и немилост, додека во Македонија неконтролирано се продава увезен зеленчук штетен по човечкото здравје! Граѓаните изминативе години освен корупција, криминал, шверц на дроги од функционери на СДСМ, јавни рекети, ништо друго не видоа. Наместо живот на државата и донесоа пропаст. И што е најважно, не се тие повеќе власт, туку се извршители на криминалот во Владата.

Затоа работите мора да се менуваат!

ВМРО-ДПМНЕ, во вторник, на 6-ти јуни, со почеток во 17 и 30 часот, како дел од акцијата „Ова е Македонија за сите“ организира трибина на тема земјоделие на Градскиот плоштад Методија Андонов-Ченто.

Почитувани, ќе имате чест да го чуете Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, како и експерти кои знаат и умеат да се носат со предизвиците на новото време.

Почитувани членови на ВМРО-ДПМНЕ, почитувани прилепчани, сите што сте незадоволни од политиките на СДСМ и ДУИ, Ве поканувам да дојдете на трибината на плоштадот Методија Андонов Ченто утре од 17:30 часот и да ги слушнете решенијата што ги нуди нашата партија и кои ќе бидат реализирани по смената на централната власт и победата на парламентарните избори на ВМРО-ДПМНЕ, посочи Проданоски.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: