ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Јосифоски: Зголемување на цените на тутунот не 20, туку 35 до 40% за годинешната реколта

492
Од новоформираните тутунски здруженија сметаат дека нереално е барањето на Сојузот на земјоделски здруженија за зголемување на цените на тутунот од новата реколта за 20%, бидејќи според нивните пресметки тоа треба да биде од 35-40 проценти, ако се земат квалитативните и квантитативните анализи:
– Според класи во проценката изнесува 60% за втора класа, 15 % прва класа, другото отпаѓа на трета класа, и прва дополнителна. На тој начин со така вкалкулирани цени спо 20 % зголемување, ние би дошле до 277 денари што е неприфатливо. Што значи дека Сојузот на земјоделски здруженија не излезе со барање за зголемува на цените туку, фактички излезе со барање на намалување на цените. Со 20 посто заголемување ние би дошле до 277 денари, што е неприфатливо, што значи дека СЗЗ не излезе со барање за зголемување на цените, туку фактички излезе со барање за намалување на цените. Затоа што, никој не ни гарантира дека следната откупна сезона ќе се одвива во прва класа, значи, цените на тутунот не смеат да бидат под 35-40 проценти покачување за да имаме реална проценка и за да имаме колку-толку некаква заработувачка и задоволни тутунопроизводители,потенцираше Васко Јосифовски, претседател на Тутунското здружение „Тутунска надеж“.
Но, не се само цените проблемот за тутунарите, нив ги загрижува е односот на откупувачите деновиве, бидејќи како што вели Јосифовски, тутунарите добивале веќе потпишани договори за реколтата 2023 та.
– Многу од тутунарите добиваат веќе потпишани договори, без можност да ги одбијат. Дали тоа се должи на стравот дека некои од откупувачите ќе останат без договори, па ќе ги загубат лиценците или се работи за свесна манипулација за непокачување на цените, тоа доправа ќе го видиме. Во секој случај и ова што се случува е тежок криминал, тежок фалсификат, вели Јосифовски.
Односот на ресорниот министер Николовски кон тутунарите е посебна работа која што им тежи на тутунарите и кон здруженијата кои не се во Сојузот на земјоделски здруженија, а кои се наменски формирани за заштита на правата на тутунарите.
– Министерот буквално не’ игнорира, не’ одбегнува, доаѓа на теренкако што беше вчерашното доаѓање во Кривогаштани, скришно си собира свои луѓе, наводно се информира и си заминува. Доколку имаме фер односи министерот треба да биде фер кон сите, да не’ извести и нас да присуствуваме. На тој начин ќе му овозможиме да не го слушни, само она што тој сака да го слушне, туку и она што народот има да му го каже. Едноставно тоа е кукавичко бегање од она што ги мачи луѓето, рече Јосифовски, од здружението Тутунска надеж.
Од новоформираните тутунски здруженија, а кои не членуваат во СЗЗ бараат да има фер надополнување при исплатата на субвенции за тутунарите кои од ланската реколта на почетокот од откупот го предадоа тутунот и со тоа изгубија значителни средства.
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: