ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Зошто економското училиште СОЕПТУ „Кузман Јосифоски Питу„ е вистински избор за идните деветооделенци?!

1.340

Зошто економското училиште СОЕПТУ „Кузман Јосифоски Питу„-Прилеп е вистински избор за идните деветооделенци, денеска на интересен и интерактивен начин учениците и професорите на „Отворениот ден“ кој го организираше училиштето, ги преставуваа можностите, струките и профили,  пред идните среднишколци,  кои во голем број дојдоа да го разгледаат училиштето и условите во него и да се запознаат со струките и квалитетот,  „бидејќи изборот на стручно училиште е избор на иднината на децата„, велат од ова училиштето.

Учениците од неколку  основни училиште, родители, наставници, кои ги посетија штандовите можеа да се запознаат со професиите кои се изучуаа во оваа стручно училиште и колку се тие применливи и барани на пазарот на трудот.

Економски техничар една од најбараните професии на пазарот на трудот и е во рамките на дуалното образовани, каде учениците преку практична настава кај работодавец , можат да се стекнат со подобар личен развој, а паралелно да добиваат и стипендија од 3500 денари . Популарна е и правната струка и учење преку работа во адвокатски, нотарски канцеларии и судови, како и во правни служби во реални фирми, а професиите нотар, правник , адвокат, судски референт, архивар, се едни од атрактини професии на пазарот на трудот. Не помалку е актуелен и профилот, Еконсмки техничар /Бизнис администратор и  Продавач-референт за продажни услуги – деловен администратор,  но она што посебно е акцентирановаа година  е новиот профил , доста актуелн во денешната електронска дигитална ера,  како новина на ова средно стручно училиште, а тоа е Техничар за Е – трговија и дигитален маркетинг,  која ќе им овозможува на идните средношколци стручно и подготвено да менаџираат со социјални медиуми, да креираат и менаџираат електронска продавница, да изготуваат видео продукции за социјалните мрежи.. Навистина потребно е винимателно да се бира идното образование за децата ,зашто нвиниот избор значи и Нивна иднина „  рече директорката на СОЕПТУ „Кузман Јосифоски Питу„ ,Цеце Видова Трајческа, на денешниот „Отворен ден„ во училиштето наменет за запознавање на идните средношколци со можностите што ги нуди  средно стручно училиште СОЕПТУ „Кузман Јосифоски Питу„ во Прилеп. Таа дополни дека и в онаредните денови секојдневно се достапни сите професори  за дополнителни информации за родителите и децата, за да помогнат во нивниот избор, во изборот на нивната идна стручна надоградба.

Средношколците кои се дел од ова училиште и професорите на овој Отворен ден само го потврдија одличниот избор на стурки и можност што ги нуди СОЕПТУ „Кузман Јосифоски Питу„ говорејќи и запознавајќи ги деветооделенците за трајните знаења, вредности и пријателствата кои ги стекнуваат тука , но и за размената на ученици во останатите држави и учеството во програмите на ЕРАЗМУС + програмата, во која активно учестуваат  професорите и учениците од економското средно стручно училиште од Прилеп

 

.

Инаку, пријавувњето и запишувањето на учениците во среднитото училиште ќе се врши во еден уписен рок , со три пријавувања во јуни. Конкурсните рокови за упис на учениците се 14 и 15 јуни, 21 и 22 јуни и 28 јуни. А, пријавувањето,оваа година, според упатствата н МОН ќе се врши преку електронско аплицирање.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: