ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Абрашоски: Принудени сме на корекција на цените на услугите!

622

ЈКП Комуналец ги зголемува цените на своите услуги. За ова информираше на прес конференција директорот Рубин Абрашоски, кој рече дека е свесен оти ова е непопуларна мерка, но  неопходна поради енормното зголемување на цените на енергенсите, репроматеријалите, цените на алати и машини потребни за нормално одвивање на работата во комуналното претпријатие.

– ЈКП Комуналец нема донесено одлука за корекција на цените на услугите уште од 2009 та година. Со оглед на тешката  финансиска состојба во која се наоѓа претпријатието, во моментов доведено е во прашање и тековното финансиско работење како и извршување на оперативниот план. Свесни сме за тешката финансиска состојба на жителите на општина Прилеп,како и бизнис секторот, но со секојдневното зголемување на пазарните цени и нормално функционирање, доведени сме во ситуација да извршиме корекција на цените, посочи Абрашоски, кој додаде дека зголемувањето на цените на услугите за домаќинствата ќе се движи околу 30 отсто.

Зголемувањето на цените ќе се движи: за домаќинствата од 1,8 денар на м2 –  цената се зголемува на 3 денари, за дворно место од 0, 34 денар на 0,5 денар од м2;

За фирмите под кров од 3, 16 денари на 5, 5 денари и за дворното место од 1, 16 на 2 денари;

За училиштата и верските објекти од 1, 84 на 3 денари, а за дворното место од 1 на 1, 5 денари за м2..

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: