ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Чествување на Денот на Републиката, годинава под слоганот „Илинден – нашата сила за иднината“

395

Чествувањето на денот, кога славиме 119 години од започнувањето на Илинденското востание, прогласувањето на Крушевската Република и Денот кога пред 78 години е одржано Првото заседание на АСНОМ и воспоставувањето на нашата државност, ќе започне на 1-ви август во 20:45 часот во Крушево, кога традиционално, во организација на Општина Крушево започнува манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“. На Манифестацијата ќе присуствува и ќе се обрати и претседателот на Владата , Димитар Ковачевски, кој годинава ја предводи владината делегација во Крушево, по повод прославата на националниот празник Илинден.

Делегации на Владата учествуваат на сите настани опфатени со државната програма за одбележување на државниот празник 2 Август – Денот на Републиката – Илинден: „Нашата сила за иднината“.

Одбележувањето на Денот на Републиката и Илинден на 2 Август ќе започне со настаните во Скопје, каде високите делегации ќе ги предводи и ќе се обрати претседателот Стево Пендаровски.

  • Во 8:00 часот делегацијата предводена од претседателот Пендаровски ќе положи цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели Киро Глигоров и Борис Трајковски и на генералот Михајло Апостолски, како и пред споменикот на паднатите борци од НОБ во Алејата на великаните, на градските гробишта „Бутел“.
  • Делегации ќе положат свежо цвеќе на спoменикот на АСНОМ во паркот „Жена Борец“ во Скопје, на споменикот на Никола Карев пред Собранието, како и на спомен-обележјето на Методија Андонов-Ченто на Градскиот плоштад.
  • Свечената манифестација ќе продолжи со обраќањето на претседателот на државата Стево Пендаровски во вилата на Водно во 9:00 часот.
  • Претседателот на државата Пендаровски по повод одбележувањето на Илинден – Денот на Републиката, на 2 Август 2022 година, ќе ја предводи и државнo-црковната делегација во посета на манастирот „Св. Прохор Пчински“.

Државната празнична програма продолжува пред Меморијалниот центар АСНОМ, во Пелинце, во организација на претседателот на Собранието, Талат Џафери.

  • Во чест на Првото заседание на Антифашистичкото Собрание на Народното ослободување на Македонија – АСНОМ, пред споменикот на АСНОМ, со почеток во 10:00 часот, ќе биде положено свежо цвеќе, по што претседателот на Собранието, Талат Џафери ќе се обрати и следува организирана културно-уметничка програма.
  • На споменикот на АСНОМ во Меморијалниот центар Пелинце, по повод националниот празник Илинден, владината делегација ќе ја сочинуваат министерот за здравство Беким Сали, министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска и заменик-министерот за правда Агим Нухиу.

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски предводејќи висока владина делегација со државни почести и чествувања ќе го одбележи големиот национален празник Илинден во Крушево.

Во состав на владината делегација предводена од премиерот Ковачевски се првиот заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

  • Владината делегација ќе се поклони и ќе оддаде почит положувајќи свежо цвеќе на вечното почивалиште на првиот претседател на Крушевската Република, Никола Карев во споменикот „Македониум“ на Гумење и на споменикот на паднатите борци на Слива, кои се симбол на жртвата на востаниците за одбрана на Крушевската Република, со почеток во 8:30 часот.
  • Од 10:30 часот, со присуство на панихидата за загинатите Илинденци во црквата „Св. Никола“, на владината делегација и со положување цвеќе на споменикот на Мечкин камен продолжува церемонијата во чест на националниот празник, по што на Мечкин камен во 11:30 часот, започнува манифестацијата на која свечено ќе се обрати претседателот на Владата, Димитар Ковачевски.

Во рамки на централниот дел од државната програма за чествување на 2 Август во Крушево ќе биде одржана празнична културно-уметничка програма.

Свечената програма за одбележување на Денот на Републиката и оваа година го опфаќа традиционалното чествување на Илинден во Смилево во организација на Општина Демир Хисар, каде се чествува со положување цвеќе и фолклорна манифестација.

Од 9:00 часот, владината делегација, предводена од министерот за образование и наука Јетон Шаќири, во придружба на министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска и  заменик-министерот за здравство Владимир Рендевски ќе оддадат почит на могилата на Даме Груев, споменикот на смилевски Илинденци и спомен плочата на Смилевскиот партизански одред, по што следува посета на Меморијалниот музеј, положување цвеќе на споменикот на Даме Груев и во 10:00 часот во спомен паркот „Даме Груев“ започнува традиционалната прослава.

Како Прилеп ќе го одбележи Илинден? 

Во Прилеп одбележувањата на најголемиот национален празник Илинден Денот на Републиката ќе биде одбележан со положување на венци и свежо цвеќе на спомениците во центарот на градот и на Могилата на непобедените:

08:00 ч. Положување на цвеќе пред спомен бистата на Првиот
Претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов Ченто

08:15 ч.Положување на цвеќе пред спомен бистата на Ѓорче Петров

08:30 ч. Положување на цвеќе пред спомен бистата на Кузман Јосифоски Питу

08:45 ч. Положување на цвеќе пред спомен бистата на Пере Тошев
09:00 ч. Положување на цвеќе на Могилата на Непобедените

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: