ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Добра шминка отстранува 10 години од лицето: Како да се направи без грешка!

Совети од „Beauty Studio - Be Unusual од Прилеп

767

Точното и прецизно контурирање, истакнувањето на лицето,усните и цртањето на веѓите може да заменат цели пластични зафати и корекции. Шминката, треба да биде не избежна женска рутина со која се истакнуваат најубавите црти на лицето или се трансформираат сосема, во поинаков, посвж, помад и несекодневен изглед. Неколку совети за make up styling од прилепските стилисти

                                 Пастелни и меки бои за природна шминка

„ Кога ке се спомнеме шминката прво што помислуваме е поубав изглед. Не постои возрасна граница за нејзината примена, ниту постојат граници во изборот на бои за исцртување на лицето. Денес се преферира нежна шминка преку која доаѓаат до израз убавите црти на личноста, а секогаш таа скоро ,така речено, е незабележителна и се совпаѓа со тенот и изгледот на ликот. За природен, свеж изглед,  доволно е танок слој пудра, хајлајтер, малку маскара и сјај за усни. Потребни се најмногу 10 мин. за една дама да е средена и да изгледа свежо, природно и убаво во текот на денот.“-  нагласува , прилепскиот стилист ,професионален шминкер, Валентина Ѓорѓиоска, од „Beauty Studio – Be Unusual од Прилеп

                                            Подготовка на лицето за  шминка

„Лицето теба да е добро исчистено! Кај сувата кожа  потреба е подлога од хидрантен крем, а кај мрсната кожа, крем кој дава мат изглед Пред нанесувањето на самата пудра се користи прајмер за подобро и поприродно да изгледа кожата на лицето, како и прајмер на очите пред нансеување на шминка, се со цел да остане постојана шминката. Убаво е да се потенцираат јаболкчници, но да не се претерува, затоa што се добива спротивна слика од нежната шминка и би можело сето тоа да изгледа вештачки, а дури понекогаш и смешно. Ситница која можеби не е забележителна во моменто, а која всушност е многу важна за make up styling-от„-  вели  Ѓорѓиоска од „Beauty Studio – Be Unusual од Прилеп

                                     Тренд „мистериозен поглед“

        “Во последно време во тренд се исцртаните очи „ Arabian eyes “ и секако не изоставни се трепките кои уште повеке го нагласуваст мистериозниот поглед. Боите на очите обично не играат некоја улога во шминката. Не постии актуелна боја. Сите се актуелно, Обично ,јас, се обидувам да не се софпаѓа бојата на шминката со тоалетата за да не биде монотон изгледаот на дамата. За да се истакне сјајот во очите секогаш користам малку појаки бои, кои се сенчаат  за повторно не изгледа нападно. Кај дамите со светол тен на лицето не одговара гламурозен изглед и темни бои ,  и обратно пр. кај оние со темен тен и темна коса не одговара светли бои. Исто и обликот на веѓите треба да се истакни во текот на шминката, кој е многу важен детаљ за промена на самата физиономија на лицето. За срека постијат специјални бои и за таа намена кои се трајни и даваат долгорочни ефекти за убавиот изглед.“-нагласува  Валентина од „Beauty Studio – Be Unusual од Прилеп

                              Сакаат ли момчињата шминка?!

Денес не е табу тема тоа дека и  машкиот пол сака да изгледа убаво, привлечно и со шминката да ги покрие своите “недостатоци“.За нив е потребна нежна пудра, особео  за свечени прилики. Внимаваат и тие на обликот на веѓите, бидјеќи и тие сакаат правилен облик на веѓи.  Тоа е навидум само една мала корекција, но многу го менува изгледот, и момчињата тоа го знаат, па навистина е задоволстово да се знае дека,се менуваанавиките,кога е во прашање изгледот, и дека тие внимаваат на убавината, што некогаш беше не замисливо и не прифатливо. Драго ми е  што се менуваат навиките и што луѓето се повеќе сакат да изгледаат убаво!-вели од „Beauty Studio – Be Unusual,Валентина Ѓорѓиоска

                      Контурирањето не е баш лесно!

..И, во сета оваа оваа приказана, за шминката и убавина, треба да запамти, дека доколку се сака совршен изглед, сепак, побарајте професионалец. Професионалните шминкери се извежбани во нијансирањето и контурирањето. Имајте го тоа на ум, кога сакате да изгледата посебно ! Работата на нашите стилисти следете ја редовно и во рбриката „Мода и убавина“ на нашиот протал! Каде постојано постираме нови изработки од прилепските стилисти
Изработки од „Beauty Studio – Be Unusual

 

 

 

 

 

 

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: