CSS Template

(Фото) Изложба која нема да Ве остави рамнодуштни

399
Avtokontrol1

Скулптури од полиестер, силикон, текстил, со човечки размер и хипер реалистични фигури, кои ја прикажуваат реалистичката состојба на човечката психа предизвикаа љубопитност кај прилепчани која ја погледнаа изложбата на Жарко Башески.

 

 

Како на куклена престава, таква е  првичното чувство кога ќе ја погледнете изложбата на Жарко Башески, прилепчанец кој живее и работи во Скопје. Изложбата на Башески е поставена  во ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“. Насловена е  „Фрагменти“, дела од Башески создавани во различни периоди.  Изложбата ќе биде поставена нареднте три недели, а секој оној кој ќе ја погледнен, нема да остане ранодушен .

Во моментот на резгледувањето на толку (не) реалната изложба, гледачот можеби ќе се најдете себеси,  зашто во некоја од човечки форми на фигурите од Башески, човек барем еднаш се нашол, скрешен во болка, тага ,  разголеност, воздигнат  во гордост, во трансформација на голем и мал …

Првиот впечаток на изложбата е восхитувачки, но следниот ве наведува да размислувате за човечката фундаментални својства на есенцијата или суштината на животот и апсурдноста, односно безнадежноста како универзална човекова  состојба.

Изложбата побудува восхит,  но и чувство на исклучително размислување колку човекот и човечката фигура во природниот простор може да бидат ситени, кршливи и (не) моќени…

Изложбата ја отвори историчарот по уметност Викторија Димеска, која посочи дека творештвото на Жарко Башески е претставено преку бројни самостојни и групни изложби низ земјата и во светот и нагласи :

„ Башески ја ослободува скулптурата од нејзиниот традиционален концепт и нуди интепретација и релација меѓу делото и определениот простор. Преку веродостојната и експресивна моќност на реалистичната претстава, односно нераскинливата врска меѓу физичкиот стимул и психичката состојба на фигурата, Башески ја ослободува скулптурата од нејзиниот традиционален концепт и нуди интепретација и релација меѓу делото и определениот простор. Управувајќи со фигурата, како авторот во куклена претстава, Башески ја режира и ја поставува сцената, вовлекувајќи го посетителот во прецизна, директна и активна интеракција со реанимираната фигура, при што, секој поединечно, фигурата и посетителот, ја изведува и артикулира сопствената улога“ –  посочи на отворањето на изложбата Димеска.

Изложбата предизвика голем интерес кај љубителие на ликовната уметности и  посетители кои на денот на отворањето ја разгледаа изложба „Фрагменти“

 


semm
Farma Dolneni
Vivafarm